Цапнал „малку побрзо“ – му опнале казна од 1,4 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американецот Конор Като од Џорџија, кој минатиот месец бил фатен како со брзина многу поголема од дозволената се движел по автопатот, наводно добил казна за брзо возење од 1,4 милиони долари! Или ќе треба да ја плати казната или да оди на суд.

Конор Като патувал низ Савана на 2-ри септември кога патрола го фатила како вози 145 километри на час наместо дозволените 90 километри на час.

Като очекувал да добие казна за „супер брзо возење“, кој се доделува на секого што вози 50 километри на час побрзо од дозволената брзина, но не очекувал дека казната може да биде повеќе од максимумот од 1.000 долари.

Најпрво мислел дека се работи за печатна грешка и веднаш се јавил во судот. Меѓутоа, му било кажано или веднаш да ја плати казната или да чека судијата да му се јави.

Жената од судот ми кажа 1,4 милиони по телефон“, изјави Като за медиумите, пренесува DailyMail.

„Реков дека е веројатно печатна грешка, но таа ми рече: „Не, господине. Или платите ја сумата, или ќе се видиме на суд на 21 декември во 13:30 часот“, тврди Като.

Дури подоцна Като дознал дека неверојатната казна од 1,4 милиони долари била автоматски генерирана казна.

Според Џошуа Пикок, портпарол на градската управа на Савана, казната е генерирана од софтверот што го користи локалниот суд, кој автоматски се применува на возачите кои „сакаат супер брзини“.

Очигледно, судијата ќе ја одреди вистинската висина на казната за Като кога ќе се појави на суд. Пикок тврди дека посочената сума не требало никого да натера „да оди на суд“.

„Програмерите кои го направија овој софтвер користеа најголем можен број, бидејќи казните за супербрзини се задолжителни да се појават на суд, а висината на казната не е наведена во моментот кога тие се издаваат од полицијата“, вели Пикок.

Тој наведува дека градот го користи овој систем од 2017 година, но се работи на прилагодување на автоматското испраќање, за да се избегне забуна.

Кривичниот адвокат Сне Пател останал вчудовиден од казната.

„Кога првпат ме прашаа за ова, помислив дека се работи за службена грешка“, рече тој.

Адвокатот, кој се занимава со тужби поврзани со сообраќајни прекршоци, рече дека никогаш не видел толку висока казна за прекршок.

Во државата Џорџија казните за сообраќајни прекршоци не можат да надминат 1.000 долари, плус судските трошоци.

„Тоа е сериозен прекршок, ќе чини 5.000 долари“, рече Пател.

„Износот на кауцијата треба да биде во согласност со тоа, така што за прекршок нема да видите суми над 5.000 долари, можеби и 10.000 долари“, објаснува адвокатот, додавајќи дека повисоките суми за кауција се резервирани за повеќе насилни кривични дела – случаи како трговија со дрога, убиство или тежок напад – или за луѓе од кои се очекува да не се појават на судење.