Трпчевски со македонски дрес на концерт во чест на фудбалската репрезентација


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најдобриот македонски пијанист со светско реноме, Симон Трпчевски, вчера, на концерт во Букурешт, на кој специјални гости беа македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб, во организација на македонската Влада и нашата амбасада во Букурешт, настапи во дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Тој е голем обожавател и навивач на македонската репрезентација и беше присутен на мечот против Австрија, а сигурно ќе го гледа во живо и дуелот со Украина.

Во меѓувреме, на синоќешниот концерт пред романската публика свиреше во дрес од македонската репрезентација.