Трошењето нејзино крај нема: Најмладата милијардерка купи куќа од 36,5 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според статистиката на Forbes, Кајли Џенер сè уште најмладата милијардерка на светот која лично го стекнала своето богатство, без никакво наследство.

Ѕвездата на Инстаграм и сопственичката на империјата за козметика Kylie Cosmetics стана најмладата милијардерка која сама си ги заработила парите на само 22 години, а извештаите на американските медиуми велат дека деновиве си купила нова вила во близина на Лос Анџелес за која дала неверојатни 36,5 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miami Real Estate (@ashley_therealtor) on

Новата вила на Кајли Џенер има 2.000 квадратни метри и изгледа како замок од соништата.

Иако младата милијардерка на Инстаграм сè уште не го покажува луксузот, фотографиите од вилата стигнаа до медиумите и многу од деталите на ентериерот и надворешноста зачудуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VANDY POP 🍿 🎬 🎟 🎶 📺 (@vandypop) on

Кајли за прв пат стигна на топ листите на милијардери во март 2019 година, а дополнително ја зацементира нејзината позиција во ноември кога продаде 51% од акциите во нејзината компанија Kylie Cosmetics за 600 милиони долари.

Кајли ја основа компанијата на само 18 годишна возраст, а по продажбата остана заштитно лице на брендот.