Актуелно

Тројца загинати во тешка сообраќајка кај Зајас

Три лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи кај селото Зајас, Кичевско.

Според неофицијални информации, автомобил Форд удрил во трактор, кој возел по патот без светла. Тракторот бил натоварен со дрва, па според првичните информации, силината на ударот била фатална.

Во Фордот кој се движел од правец на Гостивар се превезувале три лица на возраст од 17 години, 19 и 45 години. Сите биле жители на соседното село Колари.

Ударот со тракторот бил кобен за сите тројца, додека возачот на тракторот поминал со полесни повреди.

Повеќе детали за страотната сообраќајка МВР ќе соопшти во текот на денешниот ден.

loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top