Тројца руски еминентни новинари убиени од заседа во Централноафриканската Република


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тројца руски новинари кои, според изјавите на нивни колеги, наводно снимале филм за руските платеници во Централноафриканската Република, беа убиени од заседа во споменатата земја од засега нејасни причини. Локалната полиција вели дека можеби биле жртви на грабеж.

Тројцата мажи се новинарот Орхан Џемал, режисерот Александар Расторгујев и снимателот Кирил Радченко. Џемал беше познат воен дописник, кој беше ранет додека известуваше од Сирија, додека Расторгујев доби повеќе награди за своите документарци. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се најдени прес-картичките со нивните имиња, додека роднините на мртвите за медиумите изјавиле дека ги идентификувале од фотографиите направени по нивната смрт.

Франс прес објави дека мажите биле нападнати кај блокада на пат 23 километри од централниот град Сибут, кој се наоѓа во една од најсиромашните и најнестабилни земји во светот, поделена помеѓу завојувани територии. Извор од локалната полиција изјавил за новинската агенција Интерфакс дека засега за мотив за нападот се смета грабеж.

Трите тела биле пронајдени покрај автомобил изрешетан од куршуми.

Не се знае на каква задача биле новинарите. Колеги и пријатели на загинатите рекле дека екипата известувала за приватната руска воена компанија позната како Вагнерска група, објави Раша тудеј.