Тројца пратеници во куќен притвор, тројца во Шутка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тројца од пратениците осомничени за крвавиот четврток во Собранието, добија притвор, додека на тројца им е определена мерка куќен притвор.

Пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски завршија во истражниот затвор во Шутка, додека на Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски им е одреден куќен притвор.

„Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата“, соопштуваат од Судот.