Актуелно

Тројца повредени во две сообраќајки на патот Маврови Анови-Дебар

Три лица се повредени во две одделни сообраќајни незгоди кои се случиле вчера на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, информира СВР Тетово.

Во незгодата што се случила во близина на крстосницата со селото Врбјане, автомобил марка „сеат-толедо“ што го управувал Б.К. од Дебар, поради неприлагодена брзина излетал од коловозот. Двајца сопатници здобиле повреди, а поради тежината на повредите едниот бил задржан во гостиварската болница.

Синоќа околу 19:30 часот, Б.Ј. од Гостивар, додека се движел од Маврови Анови кон Дебар со возило „опел корса“ во близина на Инфоценатрот загубил контрола и удрил во метален столб за улично осветлување. Повредениот возач од оштетеното возило бил извлечен со интервенција на пожарникари, по што бил пренесен на скопските клиники.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top