Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Епилогот од синоќешната ескалација на протестите е 5 лица приведени а тројца полициски службеници повредени. Во приведените од синоќа е и Јусуф Енузи, лицето кое пукало со пиштол кај споменикот „Скендербег“.
Министерот за внатрешни работи, оливер Спасовски вели дека има уште две лица идентификувано за инцидентот кај плоштадот „Скендербег“ но и дека полицијата спречиле инцидент од поголеми размери или нивна ескалација.
Арбен Таравари, од алијанса за албанцитево Студио 10, на ТВ24 изјави дека протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација. Хотелот завчера бил демолиран од демонстрантите и тоа било пријавено во полиција.
Поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев ги повика полициските службеници да не дозволуваат партиски директиви да бидат основа на која ќе ги извршувате нивните задачи.Побара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за инцидентите кои се случија за време на протестите.
Претседателот Стево Пендаровски упати апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство.
„Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани.“ – се наведува во соопштението на Пендаровски.
Од Кривичниот суд информираат дека определи притвор за осум лица што учествува во настаните пред Собранието, на 7 од осомничените им е определена мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена согласно предлогот на обвинителството за водење на истрага во скратена постапка.
Од ОЈО информираат дека покренале постапка против осуммина сторители.. Ојо ги сомничи за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. За тројца малолетници ќе се води посебна постапка според Законот за правата за децата.
По однос на инцидентот пред плоштадот „Скендербег“, лицето Јонуз Енуди кое е приведено на јавноста и е познат и по паркингот до хотел Де Кока за што Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво обвини дека како сосптвеници на хотел узурпурале државно земјиште кое е во зоната на заштитено подрачје, дека поставиле рампа и наплаќаат паркинг од по 50 денари на што Енуди тврдеше дека ги поседува сите документи и дека не узурпирале државно земјиште во зона на заштитено подрачје.