Home Актуелно Тројца повредени и четворица приведени работници – полицијата влезе во ЈП „Комунална хигиена“ и ги изваде камионите за работа

Тројца повредени и четворица приведени работници – полицијата влезе во ЈП „Комунална хигиена“ и ги изваде камионите за работа

Со полициска асистенција синоќа камионите од ЈП „Комунална хигиена” во Скопје конечно излегоа на улица да собираат ѓубре.

Претседателот на синдикатот кажа дека во протестот се повредени тројца работници. Вработените кажаа дека полицијата привела 4 работници.

Вработените кои протестираат во дворот на претпријатието не дозоволуваа камионите да излезат, лежеа на земја и се буткаа со полицајците. Началникот на полицијата најпрво ги убедуваше вработените да се тргнат и да направат пат, но тие не го слушаа. Потоа, им рече дека секој што ќе попречи полицаец во обезбедувањето на камионите ќе биде приведен.

Потоа дојде до буткање и кошкање меѓу вработените и полицијата, но беше избегнат поголем инцидент. Патот беше пробиен и камионите излегоа.

Во претпријатието беше и директорката Косана Мазнева-Николиќ која бараше вработените да влезат во камионите и да работат, а вработените извикуваа ‘оставка, оставка‘.

Во Скопје за прв пат во неговата историја ѓубрето не се собра два дена поради протести на вработените кои се незадоволни од раководството на претпријатието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…