Home Актуелно Тројца починати и 121 нови заболени од корона вирус

Тројца починати и 121 нови заболени од корона вирус

Тројца починати од коронавирусот во изминатово деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Двајца од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.

Направени се 1410 тестирања, а позитивни на КОВИД 19 се нови 121 случаи. Најмногу во Скопје, 33-ца, во Охрид 11, Крива Паланка – девет, Куманово нови осум, Штип, Битола, Тетово по шест нови случаи, и останатите се распределени по другите градови.

Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациент од кои најмногу во Скопје-50.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…