ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ МЕТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СЛОВАЧКА: Се сомничат за грабеж на поштари!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Безбедносните сили на Словачка се во потрага по двајца од тројцата македонски државјани, кои пред неколку дена во словачкото село, Водеради, ограбиле поштари.

Сите се осомничени за грабеж и се во исчекување на затворска казна од 7 до 12 години. Станува збор за 28-годишниот Славчо кој е веќе уапсен, а се трага по Кристијан кој има 24 години и Горан кој има 42 години.

Словачката полиција објави фотографии од разбојниците од Македонија и бара помош од граѓаните.

„Пред неколку дена во селото Водеради се случи грабеж што го извршија тројца граѓани на република Македонија – Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42). Славчо е веќе уапсен, а се бараат другите двајца, за што се објавени и нивни фотографии. Ако имате какви било информации за нив, јавете се на 158 или пишете ни во приватна порака на Фејсбук. Тие се соочуваат со казна затвор од 7 до 12 години.