Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога 19-годишниот Роберт Шафран во 1980 година тргнал на факултет, се изненадил од срдечноста со која го дочекале за него сосема непознатите колеги. Испаднало дека тие го помислиле дека е друг човек – Еди Галанд, студент кој претходната година учел на истиот факултет.
Двете момчиња изгледале речиси идентично, се однесувале исто, дури и тренирале ист спорт, сакале исти работи и зборувале на ист начин, иако никогаш се немале запознаено. Кога сфатил дека имаат и ист датум на раѓање и дека и двајцата се посвоени како бебиња, новиот цимер на Роберт, Мајкл Домиц се потрудил да ги поврзе нив двајца.
Кога еднаш се сретнале, она што на прв поглед било и повеќе од очигледно, а била принудена да го признае и агенцијата за посвојување, е дека Роберт и Еди се браќа. Нивната среќа поради случајното запознавање и средба била безмерна, а потоа се случило нешто уште понеобично. Откако нивната приказна излегла во локалните медиуми, се јавил уште еден дечко кој тврдел дека изгледа идентично како новооткриените браќа. Тоа бил Дејвид Келман, студент на друг њујоршки факултет.
После инсистирање на браќата и нивните семејства, агенцијата за посвојување била принудена да открие што навистина се случило со нив како бебиња. Тројцата браќа браќа биле редок случај на еднојајчена „четворка“ од близнаци, од кои најмладото од бебињата починало при раѓањето. Наместо да им најдат семејство во кое ќе бидат сите тројца заедно посвоени, психоаналитичарот Питер Неубауер, кој го водел Manhattan’s Child Development Centre, одлучил да направат озлогласен експеримент со цел да откријат што повеќе влијае врз формирање и градење на карактерот на личноста – генетиката или околината.
Тројцата браќа близнаци биле разделени и ги посвоиле целосно различни семејства, а потоа со години морале да доаѓаат во Центарот на различни тестови со цел да се следи нивниот развој. Испаднало дека и тројцата имаат висок коефициент на интелигенција (IQ), а бројот на допирни точки меѓу нив бил голем – дури и невиноста ја изгубиле речиси во исто време.
Но, објаснувањето на Неубауер е дека нивното развојување при раѓањето било научно оправдано беше слаба утеха за тројцата браќа. Иако биле надвор од себе од среќа поради меѓусебното пронаоѓање, после некое време последиците од прераното разделување станале очигледни. Сите тројца во детството покажале висок степен на сепарациска анксиозност, потоа и депресија, а кога проговориле, упорно тврделе дека имаат брат. Нивното повторно обединување после речиси две децении беше поматено со нова несреќна и трагична вест – на 33 години, после борба со депресијата, Еди си го одзеде животот, оставајќи зад себе сопруга и ќеркичка.
Понатамошните истражувања, очекувано, се прекинати, а преживеаните браќа Неубауер денес го нарекуваат „наци-лекар“ кој им го одзел нивното детство и братот. Иако денес се чини бизарно, во ’80-те години од минатиот век одвојувањето на близнаци при посвојување била вообичаена пракса со објаснување дека треба да им се даде шанса самостојно да се развијат. Неубауер „само“ ја искористил приликата која му се пружила. Тој до својата смрт ја оправдувал постапката. Уште повеќе, испаднало дека браќата не биле единствените близнаци над кои се правел истиот експеримент, но имињата на останатите никогаш не беа откриени.
За необичната животна приказна за тројцата близнаци е снимен и филм со наслов Three Identical Strangers, чија премиера е одражана на филмскиот фестивал Санденс. На премиерата беа присутни и двајцата преживеани браќа, Роберт и Дејвид.