Актуелно

Тројца малолетници запалиле бездомник во Нови Сад

Новосадската полиција во средата идентификувала три момченца на 12-годишна возраст, кои се осомничени дека во раните утрински часови запалиле 64-годишен бездомник во Нови САД, кој по неколку часа починал поради тешките изгореници, пишуваат војводинските медиуми.

Според извештаите, двете момчиња кои се идентификувани како најверојатни сторители на несфатливото злосторство имале родители, а едното е сместено во институција за незгрижени деца.

На несреќниот маж, кој со пријател лежел зад месарница во центарот на Нови Сад, огнот му зафатил 90 отсто од телото.

Весниците пишуваат дека едното од момчињата во друштво на двајцата пријатели „од забава“ запалило весници и ги фрлило врз бездомникот прекриен со стари прекривки и крпи, кои веднаш пламнале.

„Само од забава ги запалив весници и ги фрлив на него, немав намера човекот да изгори“, рекло во полициската станица детето кое го запалило бездомникот.

Се додава дека децата прво сакале да ја украдат инвалидската количка која била крај бездомниците, но се откажале бидејќи овие ги забележале. Потоа најмладото од нив земало неколку весници, ги запалило и ги фрлило врз едниот од бездомниците,

Полицијата потврди за медиумите дека сторителот е идентификуван и дека со него бил извршен разговор, но дека дванаесетгодишникот не подлегнува на кривична одговорност и е пуштен од полициската станица.

Advertisements
To Top