Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новите продолженија од култната тинејџерска серија „Beverly Hills 90210“, на кои се чекаше цели 19 години, предизвикаа поделени реакции. Додека некои обожаватели на оригиналната серија се радуваа на новата средба со екипата, други се по малку збунети бидејќи, и покрај најавите кои го открија тоа, не очекуваа дека актерите ќе се играат самите себе, а не оригиналните ликови од серијата.
Но, целокупната публика се сложи околу една работа – им недостига Дилан, кој во серијата го играше актерот Лук Пери кој почина оваа година.
Неговите колеги од „Beverly Hills“ му оддадоа почест во новата епизода на прерано починатиот Лук Пери и до солзи ги трогнаа гледачите со овој нивен потег.
Станува збор за сцената во која Џени Гарт (Кели) и Тори Спелинг (Дона), гледаат стара епизода од „Beverly Hills“ во која Дилан и Брендон доаѓаат на плажа, а Дилан му вели на Брендон: „Добредојде во рајот, пријателе. Добредојде на местото каде се остваруваат соништата“. После тоа, на екранот се појавува порака „За нашиот пријател Лук Пери 1966-2019“.
Обожавателите на социјалните мрежи признаа дека оваа емотивна посвета силно и до солзи ги трогнала.
This ripped my heart out and stomped on it ? #BH90210 pic.twitter.com/sCThNQZcdY
— sierra. (@_sierrar_) August 8, 2019
Yep.. I’m crying…?#BH90210 pic.twitter.com/CoQcjoi15J
— vanessa (@queenv1115) August 8, 2019
Me when the Luke Perry tribute came on…#BH90210 pic.twitter.com/Q1RJxmmMGe
— Claudi B ???? (@oucrimsongirl) August 8, 2019
I didn’t plan on watching @BH90210 but now…I’m not crying, you’re crying.?#BH90210 #LukePerry pic.twitter.com/7fX41kAumB
— Nope (@MasterODaVerse) August 8, 2019