Трогателна ситуација во судница: Братот на убиен човек ја прегрна полицајката која го уби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на судењето на сега веќе бивша американска полицајка, во судницата се случи трогателна и неочекувана ситуација кој ги изненади сите.

Полицајка од градот Далас во американската држава Тексас, го убила својот афроамерикански сосед, Бесам Џан, додека тој мирно седел во неговата дневна соба и јадел сладолед.

Амбер Гајџер се правдала дека го заменила својот стан со неговиот и била убедена дека дома и влегол крадец . Таа пристигнала дома целосно исцрпена по бројните прекувремени часови на работа и кога ја нашла вратата отклучена, го зграпчила пиштолот и пукала. Го погодила соседот право во срцето.

Веднаш повикала брза помош и му кажала на службеникот најмалку 20 пати „мислев дека тоа е мојата куќа“.

Наскоро добила отказ на работното место.

Во средата, во судот во Тексас таа беше прогласена виновна за убиство. Иако обвинителот барал казна од 28 години затвор, односно доживотен затвор, таа беше осудена на 10 години.

Пред судот имаше демонстранти, кои беа незадоволни од неисполентото барање за повисока казна и за тоа време, во судницата зборуваше 18-годишниот брат на убиениот, Брант Џан.

„Ако навистина ви е жал, ви простувам … Знам дека ако одите кај Бога и Го прашате, ќе ви прости и тој. Ве сакам и јас. Зборувам само во мое име. Јас нема да кажам дека сакам да умреш и да скапуваш како мојот брат. Лично, само ти посакувам се најдобро. Не сакав да го кажам тоа пред моето семејство, но не сакав да одите во затвор “, рече тој и се расплака.

Потоа го замоли судијата да пристапи и да го прегрне убиецот.

Жената му се фрли во прегратка и долго останаа гушнати. Во судницата се слушало само нивното липање. И двајцата плачеа , луѓето во судницата беа шокирани.

„Ова беше неверојатен и исцелителен чин на прошка што е толку редок во денешното општество“, рече адвокатот.