Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сликата на која во прегратка се човек и мајмун, на кој му го спасил животот е прогласена за фотографија на годината.
Принкин го заробиле ловци кои сакале да го заколат и продадат, но за среќа во последен момент се вмешала хуманитарната организација Ape Action Africa.
Ваквиот вид на лов е голем проблем во Камерун, каде што ловците го продаваат месото во земјата и странство.
Пинкин сега доби нов дом во рамки на сигурното шумско прифатилиште. Фотографијата е направена за време на транспортот и тоа во рацете на својот старател Аполинар Ендуду. Мајмунот има многу допирливо добар однос со човекот. Како Пинкин така и Аполинар бил принуден да го напушти својот дом во Чад и да побегне од граѓанската војна. А кога го обновил својот живот во Камерун, одлучил да се посвети на заштитата на дивите животни.
Џо-ен успеала да го фати овој момент за време на заедничкото патување, а оваа фотографија е избрана за најдобра на натпреварот.