Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мајкл Фелпс (31), повеќекратен првак во пливање со 23 златни олимписки медали и 39 светски рекорди, сега одлучи да се трка со големата бела ајкула.
Трката треба да се одржи наскоро, во организација на Discovery Channel, кој од 23 јули почнува со емитирање на својата тематска програма „Shark Week”, во превод „Седмица на ајкулите“.
Тоа е сезонска програма на Discovery Channel уште од 1988 година, а секоја година има и неколку посебни емисии во кои гостуваат познати личности.
Прв пат во гости е повикан Мајкл Фелпс за да се трка со ајкула. Во најавата на Discovery Channel стои дека никој не се тркал до сега против голема бела ајкула.
Фелпс пред неколку дена на Instagram објави фотографија од кафезот во кој од непосредна близина може да се набљудуваат ајкулите.
„Успеав да направам нешто што од секогаш сакав. Да нурнам во кафез покрај големи бели ајкули“, напиша Фелпс.