„Бесна“ машинерија на стартната линија: Трка Пегла, Буба, Југо, Рено, Стокец и Фиќо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во текот на викендот кога сеќавањето на поранешна Југославија ги поврзуваше републиките што беа дел од неа, сеќавајќи се на одбележувањето на Денот на младоста, словенечките новинари организираа уникатна трка на автомобили што господареа на патиштата на овие простори кога бевме дел од СФРЈ.

Ова е еден одличен начин за враќање во минатото. На собирот се тркале можеби најпопуларните модели од некогашната држава, кои возеле 402 метри.

Во трката учествувале југо 55 (55 КС), застава 101 (55 КС), фолксваген буба (34 КС). Но, тука се и легендарната застава 750 – фиќо (25 КС) и фиат 126 – славната пегличка (26 КС), додека тоталната романтика ја зајакнува рено 4 ТЛ (34 КС).