Триумф на „Жолтите елеци“: Франција се откажува од зголемување на даноците за гориво


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После двонеделните жестоки и разорни протести во Париз и општиот јавен притисок ширум цела Франција, францускиот премиер Едуар Филип се откажа од зголемувањето на даноците за гориво.

Протестите ги предизвикаа најголемите немири во Париз во последниве децении. Неколку важни симболи на градот се сериозно оштетени.

Демонстрантите веќе две недели протестираат на национално ниво поради данокот на гориво и зголемените трошоци за живот. Нивни претставници требаше да одржат средба вчера со властите, но таа беше откажана од безбедносни причини.

За време на протестите, три лица настрадаа, а над стотина беа повредени, додека повеќе од 400 лица се уапсени.