Home Актуелно Трите услови на Путин за прекин на војната

Трите услови на Путин за прекин на војната

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во денешниот разговор со францускиот претседател Емануел Макрдон на својот колега му кажал дека бара меѓународно признавање на црноморскиот полуостров Крим како руска територија, отстранување на „неонацистите“ од украинската влада и „неутрален статус“ на Украина за да ја заврши офанзивата во соседната земја.

Путин побара „признавање на руска сувереност над Крим, спроведување на демилитаризација и денацификација на украинската држава и гаранција за нејзиниот неутрален статус“, како ислов за каков и да е договор, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата челницир.

Од Елисејскиот дворед малку претходно соопштија дека францускиот претседател разговарал чес и половина со рускиот претседател и барал од него „веднаш да ги прекина нападите врз цивилите и да се осигураат копнените правци во Украина“, а соговорникот му ја „потврдил својата волја на тоа да се обврзе“.

Елисејскиот дворец, исто така, објави дека Макрон побарал од рускиот колега следните денови да останат во контакт за да се спречи ескалацијата на судирите на што, според соопштението, Путин се согласил.

Црноморскиот полуостров Крим, каде што е историското седиште на руската Црноморска флота, по превратот во Киев во март 2014 година, со два референдума и со мнозинство од над 90 отсто изгласа прво враќање на самостојноста на регионот укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР и за присоединување кон Руската Федерација. Москва набрзи потоа изгласа прифање на Крим во составот на федерацијата, а Западот инсистира дека тоа е нелегална руска анексија на украинска територија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…