Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оддржувањето на здрава врска воопшто не е едноставно, а секогаш е важно да имате трпение и волја. Ви донесуваме три совети на кои се придржуваат Французинките за љубовната искра да не згасне.
1. Фокусирајте се еден на друг
Ова е тешко да се постигне секојдневно, но многу е важно да одвоите некое време само за вас двајца. Работа, грижи, обврски, деца, пријатели и семејството можат да почекаат барем еден час. Ако не можете да си го посветите тоа малку време еден на друг, вашата искра полека ќе почне да се гаси.
2. Отпатувајте заедно
Разбијте ја долгогодишната рутина со патување или одмор. Само вие двајца, па барем тоа да биде и викенд. Локацијата не е толку важна, колку што е важно вие двајца да бидете сами и да се присетите зошто сте се заљубиле и одлучиле заедно да го минете остатокот од животот.
3. Не ја занемарувајте улогата на долниот веш
Французинкитесе светски познати по својот стил на облекување и по тоа што голема важност му придаваат на долниот веш. Така во нивниот гардобер секогаш се наоѓа некој убав сет на чипкасти градници и гаќички. Иако се чини дека тоа не е толку важно, убавата долна руба е пријатно изненадување кое партнерот секогаш ќе го забележи.