ТРИТЕ СТРАВОВИ КАЈ МАЖИТЕ, но никогаш нема да ви ги ПРИЗНААТ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Никогаш не би кажале, но жените и мажите делат исти стравови во љубовните односи, но тоа вашата посилна половина никогаш не би ви го признала. Момците сметаат дека нивната сила не е во недостаток на страв туку во способноста да се контролираат стравовите и криење на истите од средината.

Недостаток на искуство

Колку пати сте го излажале партнерот во врска со бројот на мажи со кои сте спиеле? Тоа истото го прават и мажите. Иако понекогаш сакаат да се пофалат со богато искуство, вистината често не е таква. Секој маж сака да изгледа како мачо, поради често измислуваат за да го постигнат тој ефект.

Љубомора

Речиси сите чувствуваат љубомора, но ретко кој отворено ќе ви ја покаже, бидејќи тоа би значело дека всушност имаат помалку самодоверба. Ако партнерот не покажува знаци на љубомора, кога ќе му го споменете бившиот или колегата, тоа не значи дека не е љубоморен. Тие секогаш се грижат и споредуваат со момците во вашата околина, но тоа никогаш нема да ви го покажат.

Пари

Познатиот синоним за моќ. Друштвото и натаму го диктира фактот дека момците треба да бидат одговорни за финансиската сигурност на семејството, но има и такви семејства кои оддамна не живеат под палката на патријархалноста, па жената и мажот заработуваат исто, дури и жената повеќе. Меѓутоа, ниту тогаш на момците не им е сеедно што жените се избориле за еманципација, бидејќи тие и натаму го прифаќаат мислењето дека ако не заработуваат доволно, никогаш нема да се остварат како вистински мажи. Треба да сфатат дека парите не се предуслов да имаат жена крај себе, туку нивната љубов, внимание и грижа.