Трите работи од кои никогаш не треба да се откажеш и покрај тоа што си во „љубовен занес“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Без оглед на тоа што твојот статус сега е „in a relationship“, од овие работи никогаш не треба да се откажеш.

Сети се дека и пред него имаше живот и уживаше во некои работи, од кои никако не треба да се откажеш ниту сега.

Дружење со пријателите

Знаеме дека сакаш да го минеш секој слободен миг со него, но тоа не е здраво. Твоите пријатели беа тука и пред него, забавата беше одлична, и тој никогаш нема да може да ги замени во твојот живот. Според тоа, научи попаметно да го планираш времето. Така нема никого да занемариш.

Самостојно донесување на одлука

Секако дека сега сте двајца и некои одлуки дефинитивно треба да ги носите двајцата. Притоа мислиме на одлуки кои се однесуваат на вашиот однос и врска, а не на насоката по која би требало да оди твојата кариера или како би требало да се облекуваш.

Време само за себе

Доколку сакаш секој петок да го минеш со твојата омилена серија и пуканки, а не во неговата прегратка, тој би требало тоа да го разбере. Како што и ти би требало да имаш разбирање за неговите хобија. Тоа се нарекува компромис и тој е еден од темелите за здрава врска.