Трите основни фенг-шуи принцпи кои во вашиот дом внесуваат неспокој и лоша енерија…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За оние кои практикуваат фенг-шуи во својот дом, а сепак не е се како што треба, потребно е да проверат дали имаат нешто дома што им носи негативна енергија.

Според древната кинеска вештина постојат неколку ситници во вашиот дом кои привлекуваат негативна енергија и лоша енергија, а ја блокираат позитивната.

1. Исушено цвеќе

Билките се симбол на раст и напредок, но исушеното цвеќе привлекува токму спротивна енергија.

Според принципите на фенг-шуи потребно е веднаш да го изнесете исушеното цвеќе со оглед на тоа дека тоа претставува стагнација и не ви дозволува да напредувате во било кој правец.

Освежете го просторот со нов свеж букет во важна или засадете нова билка во саксија.

2. Скршени и нефункционални предмети

Колку и да сте сентиментално врзани за некој предмет кој е скршен и нефункционален, подобро е да се ослободите од него.

Како што велат фенг-шуи принципите, ваквите предмети негативно влијаат на вашето расположение. Многу е подобро да имате празен простор наместо соба преполна со скршени, лепени или предмети кои не користат ништо.

3. Непосакувани подароци

Речиси секој од нас добил некогаш поклон кој не го сакал, без оглед на тоа дали се работи за самиот предмет или за личноста која го подарила.

Иако е важно да го почитувате гестот на подарување, ваквиот предмет може негативно да влијае на вашиот мир или среќа. Но, наместо да го фрлите, подарете го некоу или донирајте го во хуманитарни цели.