Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во светот на светската иноваторска фела која дефинитивно има нешто постигнато во сферата на технолошките иновации и оставиле неизбришлива трага на нашето доба, Мате Римац е незаобиколно име кое не смее да се изостави.
Она што Римац го има постигнато во прилично краток временски период е речиси неверојатно. Неговите достигнувања во автомобилската индустрија не ги воодушевија само балканските, туку и странските медиуми. The Economist на почетокот од оваа година за него пишуваше во суперлативи, тврдејќи дека „хрватската економија ја оставил да голта прашина зад него“.
Овој повлечен иноваторски гениј најчесто ги избегнува медиумите, но во ретките моменти кога одлучува да дозволи некој медиум да се вмеша во неговиот живот, главни зборува за своите лични страсти. Овој пат, во разговор за Индекс.хр, Римац ги открива трите автомобили од неговите соништа кои би сакал да ги има во својата гаража.