Триковите на Меган Маркл како „вечно“ да имате 50 килограми


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Идната сопруга на принцот Хари, (сега веќе бивша) актерката Меган Маркл е висока 171 сантиметар и има околу 50 килограми телесна тежина.

Со оглед на тоа дека пред врската со принцот градеше актерска кариера во филмската индустрија, каде владее опсесија за слаба физичка линија, јасно е дека Меган смислила начин како да ја задржи витката фигура. Тој вклучува јога и придржување до здрава исхрана, а кога сака да се почести со нешто „забрането“, тоа го прави со чаша вино или помфрит.

Пред да го избрише својот Инстаграм профил, Американката се фалеше со јога позите кои може да ги изведе, а неретко тоа го правеше во бикини или слични скокотливи „крпчиња“. Секое утро пие чаша топла вода со лимон, а потоа доручкува чинија зобни снегулки со банана и сируп од агава. За ручек на менито има салата со протеини, додека навечер се почестува со тестенини со тиквици, пармезан и чаша вино.

Во интервјуто за списанието Shape, своевремено изјави дека се труди што повеќе да се храни здраво, а нејзината исхрана вклучува риба и зеленчук. Повеќе сака да јади дома отколку во ресторани.

„Сакам да готвам, така што секој ден нешто приготвувам, па макар тоа било и песто кое можете да го ставите во фрижидер и да го јадете цела недела“, објасни таа.

„Обожавам и да јадам, така што секој викенд си давам оддишка. МИслам дека, ако си го дозволите секое уживање, само уште повеќе ќе сакате од тоа, па затоа е битен балансот“, додава таа и открива дека е „слаба“ на италијанска и мексиканска кујна, како и помфрит.

Кога сака нешто да си грицне, нејзиниот избор исто така е здрав – јаболко со путер од бадем е нејзин најчест избор. Кога ќе посака кафе, се самопротиви на тој порив.

„Мислам дека кафето само штети. Нејдобри се природните извори на енергија, како зелен сок“, додава Маркл.