Home Мода и убавина Трик со руменило за лифтинг ефект на лицето

Трик со руменило за лифтинг ефект на лицето

Овој неверојатен трик стана вирален на TikTok, и тоа со причина.

Сенки, хајлајтери, бронзери, коректори, руменило… Техниките и производите што создаваат совршен шминка изглед се безбројни. И можеби ги користиме сите – или барем повеќето – кога излегуваме на пијалак, но сигурно не го правиме тоа секојдневно пред да одиме на работа. Малку коректор за да ги скриеме несовршеностите, маскара за да го нагласиме погледот и руменило на јаболчиците за поздрав изглед на кожата.

Ако го правите истото, сега треба да обрнете внимание, бидејќи ако го смените начинот – или поточно, местото – каде што нанесувате руменило, вашето лице ќе изгледа како да сте направиле мал фејс лифтинг.

Трикот што стана вирален на TikTok подразбира нанесување на руменилото високо на јаболчиците, наместо на образите, како што вообичаено се прави. Ако тоа го комбинирате со благо контурирање, резултатот ќе биде навистина импресивен.

Погледнете како точно да го направите тоа и пробајте следниот пат кога ќе нанесувате руменило.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кои активни состојки да ги барате во козметиката за пролетна нега на кожата

Обнова на кожата по зимата! Дури и квалитетната нега во зимскиот период не гарантира соврш…