Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сергеј Трифуновиќ уште еднаш ја вжешти јавната атмосфера во српските медиуми и на социјалните мрежи. Овој пат, за разлика од претходниот, му се настрвија Србите поради тоа што се дрзна да им ја „чепка“ националната светост – тенисерскиот ас Новак Ѓоковиќ.
За време на дуелот на Ѓоковиќ со Мако Чекинато, Трифуновиќ на својот Твитер профил распали со зајадливи коментари против Ноле:
„Кому да му се извинам што го гледам Ѓоковиќ?, започна Сергеј, па продолжи: „Добро, дечко, сега веќе на сите ни одиш на нерви. Почни да го јадеш тоа месо, остави го карфиолот, алгите, па кога ќе се пензионираш, потпиши за ФК Вегетаријанац“, напиша актерот на социјалната мрежа.
Dobro dečko,sad nam već svima ideš na živce:počni da jedeš to meso, batali karfiol, alge, pa kad se penzionišeš,potpiši za FK Vegetarijanac.
— Serge Truffaut (@WhistlerDick) June 5, 2018
Нормално, на тоа следеше лавина од контра-напади против Трифуновиќ од страна на фанатичните обожаватели на Ѓоковиќ.
„Ме заболе мене за некаква различност. Се грижам само што дечкото очигледно не ја поседува физичката сила која ја имаше. Како гледач и навивач“, заклучи Трифуновиќ.