Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопственикот на пропаднатата Еуростандард банка, бизнисменот Трифун Костовски, на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, изјави дека банката има доволно капитал да ги подмири сите оштетени.
– Банката има доволно и капитал во готовина и хипотеки и некретнини кои што ќе ги подмират сите оштетени на банката. Ама тоа мора да биде под услов доколку целиот стечај се заврши максимално брзо, посочи тој.
Тој вели дека планот за Еуростандард е „кроен многу одамна“, и сега дошло време на финализација.
– Само наивен човек може да верува дека Македонски пошти како потенцијал се за верување. Имаат 330 експозитури, тоа се најмногу експозитури во Република Македонија и сега видете што се случува, со еден удар се убиваат две муви, тврди Костовски.