Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сопственикот на сега веќе пропаднатата Еуристандард банка излезе со нови обвинувања и шокантни тврдења за тоа каде завршувале парите од кредитите од Еуростандард банка.
Тој во емисијата студио 10 за РВ 24 реке дека нив не им било дозволено да ја најдат трагата на парите, и тогаш, како што вели, им го удриле сатарот.
„Два дена пред објавувањето на стечајот разговаравме со Народна банка да уплатиме нови 2,2 милиони евра за да го прифатат потенцијалниот партнер од надвор. Не ни удоволија. НБ е џелатот, а истата таа банка сега мислела за народот. Не извлекоа вонредни мерки, не воведоа администрација. Ако некого треба да маваат, тука сум јас и мојот постар син. Николче Петковски одработувал за себе и за политички партии, големи средства од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион, јас за ова дознав пред година и половина“, рече бизнисменот Трифун Костовски во Студио 10 за ТВ24.
Тој вели дека тие како сопственици не бегаат од одговорност.
„Ние не бегаме од одговорност, змначи сносиме и наша вина што не дозволивме службите во банката да истераат се на виделина и да го кажат својот збор. Туку цело време од страна на Управниот одбор беа тапкани по глава да не смеат да кажуваат ништо ниту на Надзорните одбори, за сите девијантни појави, а не дека такви не беа нотирани, нотирани беа, меѓутоа сите бевме некако заслепени“, рече Костовски.
Прашан кои се за ова мотивите, вели дека неговата доверба била купена од претходиот директор на банката Николче Петковски.
„Мотивите јас ги гледам првенствено во себе. Јас сум човекољубец, имам доверба во луѓето. Морам да кажам дека тој човек успеа да ја купи мојата доверба, бидејќи навистина е човек кој нема никаква мана во сопствениот живот. Зборуваме за Николче Петковски, кој десет години беше генерален директор. Не пие, не пуши, не пие кафиња, не е по никакви коцки или било што. Едноставно беше човек на место, асален, меѓутоа сето тоа е само добра фасада“, рече Костовски.
На забелешката дека во банкарскиот сектор го знаат Петковски дека тој е исклучително добар познавач, Костовски вели:
„Само зависи за кого одработувал. Денеска сфаќам дека најмалку работел за нас. Одработувал за себе и за некои други. Политички партии се во прашање“, вели Костовски.
А прашан за кои политички партии, дали за сите, тој вели дека Петковски бил член на СДСМ и дека пари се одлевале во струмичкиот регион.
„Па не за сите, бидејќи тој е припадник на Социјалдемократскиот сојуз. Бидејќи, големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во Галафарм, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно у упорно таму се пикале пари“, рече Костовски за ТВ 24.