Трифонов го повлече предложениот владин состав – Бугарија оди на нови избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бугарската партија „Има таков народ“ го повлече предложениот состав на владата. Нејзиниот лидер Слави Трифонов пред малку објави дека се подготвува за нови избори.

Одлуката Трифонов ја објави во директен пренос на неговата страница на Фејсбук и на телевизија.

Бугарија одржа нови избори во јули откако ниедна од партиите не успеа да состави влада по гласањето во април, кога дотогаш владејачката ГЕРБ славеше со мало мнозинство.