Триесетина повредени во судир на два воза во Швајцарија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најмалку 27 патници се повредени во судир на два воза на станица во Швајцарија, соопшти полицијата.

До судирот дошло на станица во планинското место Андермат додека траел процесот на пренасочување, пренесува „Франс прес“.

Во судирот учествувале локомотива и композиција составена од 5 вагони во кои биле 100-ина патници.

Железничката компанија „Матерхорн Готард бан“ соопшти дека властите ги истражуваат причините за несреќата.