Триесет дена со зборови постојано навредувале растение – еве што се случи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во новиот експеримент кој го иницираше IKEA, наречен „Малтретирање растение”, учествуваа илјадници деца, а целта на истиот беше подигање на свеста кај децата против насилството, како физичко, така и вербално.

За време на експериментот, IKEA постави две растенија во училиште. На едното растение постојано му биле давани комплименти и му биле кажувани мотивирачки реченици, а другото било вербално малтретирано со зборови полни со омраза. Учениците имале задача да ја споделат нивната љубов со првото растение, а да го критикуваат второто.

По 30 дена, резултатите говорат самите – растението кое добивало комплименти било бујно и полно со живот, додека критикуваното растение почнало да се суши и да венее, а неговите листови станале жолто-кафени.

Двете растенија добивале подеднаква количина на вода и биле изложени на иста светлина. Единствената разлика, биле речениците полни со омраза и критики упатени кон едното растение и убавите зборови кои му биле кажувани на другото, во циклус од 30 дена. На крајот од експериментот, импресивните резултати говорат самите за себе.