Три ѕвезди на Јувентус најавија заминување поради Роналдо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од неговото доаѓање во Јувентус се се врти околу Кристиано Роналдо, па италијанските медиуми тврдат дека тројца фудбалери на „старата дама“ решиле да го напуштат клубот поради Португалецот.

„Дон Балон“ исто така потврди дека Пауло Дибала, Марио Манџукиќ и Алекс Сандро побарале трансфер бидејќи се разочарани од фаворизирањето на Кристиано Роналдо.

Беше и за очекување дека во Јувентус се ќе се врти околу Роналдо кога минатото лето пристигна во сензационален трансфер од Реал Мадрид. Јасно е дека тоа им се допаѓа на сите фудбалери во соблекувалната, иако никој јавно не изјави дека му смета.

Роналдо пристигна како некој кој конечно треба да му донесе на Јуве титула во Лигата на шампиони, но не успеа во тоа, па „бјанконерите“ мораа да се задоволат „само“ со титулата во Италија.

Јувентус ова лето секако спрема големи промени во тимот, но и на клупата, па останува да видиме дали тројцата фудбалери кои се незадоволни од Роналдо навистина ќе го напуштат клубот.