Три животни мини лекции!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


1. Еден ден ќе сфатите..

Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш не издаваат, но пред тоа ќе мора да минете низ многу, многу предавства.

Еден ден ќе сфатите дека надворешниот сјај е ништо во споредба со внатрешната убавина. Затоа што се што е надворешно трае до првиод дожд, а тоа што е внатре гори засекогаш.

Еден ден ќе сфатите дека многу изјави, цитати, афоризми, кои сте ги слушнале воопшто се празни. Важни се само вистините кои сте ги препознале.

Еден ден ќе сфатите дека добрината, нежноста, љубовта и грижата се одлика на внатрешната сила, а не слабост.

2. „Предуслов“ вештина..

Еден фотограф пошол кај некоја дама на вечера. Тој и покажал дел од неговите фотографии, а таа извикала:

„Колку се прекрасни! Веројатно поседувате многу добар фотоапарат?“

Фотографот премолчил, но покасно и рекол:

„Благодарам, вечерата беше навистина вкусна. Веројатно имате многу добри тави.

3. Силата на ситницата

Оваа приказна е одличен потсетник за тоа колку ни се важни ситниците во нашиот живот.

Што ќе биде ако жаба се најде во лонец со врела вода? Одма ќе помисли: „Овде е ммногу непријатно. Треба што побрзо да се побегне од тука“. И во истиот момент ќе излезе.

А што ако жабата е сместите во лонец со ладна вода, го ставите на шпорет и полека го загревате?

Жабата ќе се опушти. Она секако ќе забележе кога ќе стане жешко, но ќе помисли: „Малку топлина нема да ми смета“. А ќе заврши така што ќе биде зготвена.

Наравоучение:
Многу работи во животот неусетно се наголемуваат. Долгови, вишок килограми, лошо здравје. Запомнете дека не смеете да ги потценувате ситниците.