Три вежби да си го проверите вашето здравје дома: Ова звучи несериозно, но е и повеќе од реално


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дури и ако ви се чини дека е несериозно, оваа проверка ќе ви покаже во каква форма сте и ќе ви даде елан да работите на кондицијата и здравата исхрана.

Експертите велат дека начинот на кој ги изведувате секојдневните активности може да ви каже повеќе за вашето здравје отколку крвта или комплетниот скенер на телото.

Иако може да звучи несериозно, овие три мини теста најбрзо ќе ви покажат во каква форма сте и ќе ви дадат елан да поработите на себе.

1. Стоење на една нога

Обидете се да стоите на една нога, со ширум отворени очи и останете во таа позиција најмалку 60 секунди. Ако почнете да губите рамнотежа по само 20 секунди, можно е да имате невролошки проблеми.

2. Горе-доле

Станете и седнете 10 пати во низа и следете колку време ви е потребно за тоа. Британско истражување покажа дека оние кои можат да станат и потоа одма да седнат до десет пати во 21 секунда имаат поголеми шанси за подолг живот. Имено, овој тест покажува колку имате енергија, колку се силни вашите мускули, каква е вашата координација, како и органите за дишење. Ако не ви успева тоа да го направите за 21 секунда, променете ја исхраната и за почеток повеќе шетајте.

3. Допрете ги прстите на вашата нога

Седете на под, главата и грбот потпрени на ѕид. Обидете се со рацете да ги допрете своите прсти на ногата. Што е поголема оддалеченоста до вашите прсти, тоа е поголема шансата да имате кардиоваскуларни проблеми. Докажано е дека флексибилноста на телото влијае и на флексибилноста на артериите. Кога артериите се флексибилни, крвта може непречено да циркулира. Но, ако тие се згрчени, поради нездравите навики и малото движење, срцето ќе има потешкотии да пумпа крв, а вашето тело ќе биде во опасност од срцев удар.