Три шишиња вино од 1774 година на аукциска продажба во Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На аукциско наддавање кое наскоро ќе биде организирано во Франција, на продажба ќе се најдат три шишиња вино „Arbois” од 1774 година, кои спаѓаат меѓу најстарите вина на светот.

Аукциската куќа „Jura Encheres ” ја проценува нивната вредност на околу 15 илјади до 20 илјади евра по шише.

Сомалиерите во 1994 го дегустирале ова вино и му дале оценка 9.4 од можни 10, изјави аукционерот Филип Етјеван.

Слично шише вино беше продадено во 2011 година за 57 илјади евра.