Три секс пози кои не ги сакаат мажите!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Иако е врежано мислењето дека мажите се толку луди за секс што воопшто не им е важно каде, кога и како да имаат, сепак фактите велат нешто поинаку. Има, неколку пози кои воопшто не се пријатни.

Удобноста е мошне важна во сексот, како за жените, така и за мажите, а следните три пози спаѓаат во групата неудобни.


1. Секс во када

Иако е честа сцена од еротските филмови, сепак праксата вели дека недостигот на простор, неудобната када и водата се доволни причини за мажите да го избегнуваат. Нема ништо полошо кога сред акција ќе ве закачи славината в грб или кога ненадејно ќе се лизнете. Освен тоа водата е лош лубрикант и преносител на бактерии.


2. Секс во стоечка положба

Иако и оваа сцена во филмовите изгледа страствено и спонтано, во реалноста задава големи маки. На почеток, мажот мора на раце да ја држи тежината на партнерката, а дури иако на почетокот тоа изгледа лесно, со тек на време станува болно. Ако пак, се реши да ’ја забрза постапката’, тоа нема да најде на одобрување кај партнерката.


3. Лажица

Ова е една од најромантичните пози за жените, но која мажите баш не ја ценат. Додека во мисионерската положба, можат да уживаат во погледот на лицето и градите на партнерката, а во ’кучешката’ на нејзиниот задник, во оваа поза не гледаат ништо посебно.