Три самоубиствени бомбашки напади во Кабул – најмалку 60 загинати цивили и 12 американски војници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите кои ги пренеусва агенцијата Асошијатед Прес, најмалку 12 американски војници загинале во самоубиствените бомбашки напади во Авганистан, вклучувајќи 11 маринци и еден лекар во морнарицата,повикувајќи се на официјални воени извори.

Официјални лица велат дека се ранети голем број американски припадници на војската. Тие предупредуваат, сепак, дека бројките може да растат. Во нападите биле повредени над 140 лица, меѓу кои и деца и странски државјани.

Гардијан јавува за најмалку 60 загинати цивили , 12 припадници на американската армија, меѓу кои и еден воен лекар, како и стотина повредени.

Најмалку 60 луѓе загинале во двете експлозии пред аеродромот во Кабул. Третата експлозија се случила во близина на аеродромот кога талибанско возило погодило ИЕД во центарот на Кабул.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Твитер го објави своето „најдлабоко сочувство“ до најблиските на американските војници убиени во експлозиите во Кабул, но посочува дека нападот нема да ги промени плановите за повлекување од земјата.

„Терористите им го одземаа животот во моментот кога овие трупи се обидуваа да ги спасат животите на други“, вели тој во изјавата.

„Но, ние нема да бидеме разубедени од задачата што ја имаме“, вели тој. „Да се направи нешто помалку – особено сега – би била обесчестена целта и жртвување што овие мажи и жени ја направија за нашата земја и луѓето од Авганистан“.