Три работи никогаш не смеете да ги дозволите во врската, ПО НИЕДНА ЦЕНА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некои луѓе кога се во врска умеат да се „загубат себеси“. Се однесуваат како што не би се однесувале и дозволуваат или прифаќаат работи кои порано им биле неприфатливи.

Обратете внимание и вас да не ви се случи ова:

Уништување на приватноста

Во врска сре и потоа станува се дел од вас двајца, повеќе на постои приватност. Тоа е една огромна грешка и екстрем кој никогаш не излегува на добро. Секој од вас треба да има простор и време за себе, без да треба да се крие.

Ако забележиш дека го прекинува твоето дружење со другарките, ги знае сите твои шифри и покрај се ги користи, би требало нешто да разјасните. Можеби тоа не го прави со лоши намери, но би требало да знае дека тоа пречи. Ако потоа го повтори, нема друго, туку треба да раскинете.

Ги менува твоите планови

Вие сте две различни лчности и поради тоа имате и свои сопствени планови. Вработување, развивање на кариерата, патувања.. Почитта и подрршката за сето тоа да се постигна се од голема важност. Проблемот настанува кога едниот не го почитува другиот партнер.

Ако ти укажува дека твојата кариера не е важна, дека ќе дојдат деца на кои ќе им биде потребна мајка која постојано е присутна, тргнете се од него. Јасно е дека му се важни само неговите планови и дека останатото се глупости кои би требало да се игнорираат.

Лаги

Кога врската е градена на лаги, среќата нема баш така лесно да дојде. Дефинитивно не постои доверба и криењето се претвора во нездрава навика. Дури и обичен разговор станува тежок, бидејќи не се знае на што може да се верува.

Доколку го фатите момчето во лага, можно е дури и да ве изневерува. Секако, не мора да значи, можеби едноставно не се отворил доволно и нема желба да го запознаеш каков е навистина. Која и да е причината, никогаш не смееш да дозволиш да трпиш лаги.