Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според најновите, денешни статистички податоци за состојбата со коронавирусот во Македонија има три нови смртни случаи како последица на заразата и 18 новорегистрирани пациенти заразени од вирусот.
Министерството за здравство информира дека се регистрирани и 21 излекуван пациент, со што бројката на излекува се искачи на 200.
Според информациите од здравство, на клиниката за инфективни болести починала 46-годишна пациентка од Лабуништа примена на 29 март, а подолг временски период била на механичка вентилација. На клиниката битката со вирусот ја загубил и 71 – годишен прилепчанец, лекуван на клиниката од 15 април.
Во „8 септември“ почина 63 – годишна кумановка, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април од кога била и поставена на респираторна машина.
Инаку најголем дел од новите случаи на заразени со вирусот се од Куманово девет, потоа од Скопје, Штип и Тетово со по случаи и по еден во Велес, Гостивар и Пехчево.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.225, а последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411, Куманово – 338, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –117, Тетово – 57, Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 27, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2 И Пехчево- 1.
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста, од кои најголемиот дел преку Институт за јавно здравје.