Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Многу жени кои важат за атрактивни во својата средина не сакаат мажите често да им приоѓаат, па се бранат со тоа што глумат недостапност, а тоа си има и свои предности.
Откако постојат врските меѓу мажи и жени, постои и изразот „hard to get“, или по нашки глумење недостижнсот. Оваа финта почесто ја практикуваат жените кои сакаат да покажат нешто и кои си го почитуваат своето време, но и оние кои едноставно сакаат да видат колку нивниот потенцијален партнер е заинтересиран за врска со нив.
Тактиката помалку или повеќе функционира, а постојат и начини како една жена треба да се прави недостапна и последици кои следуваат после ваквото однесување, пишува Your Tango.
Оддалечи се
Немој секогаш да бидеш достапна. Покажи му дека имаш свој живот кој не го вклучува само него. Немој ти да трчаш по него, туку дозволи му тој да трча по тебе. Нека се труди и нека покаже колку му е стварно гајле за тебе и врска со тебе.
Биди скептична
Сите негови одлуки и реченици прифати ги со доза на внимание. Исто така, внимавај какви информации откриваш. Немој на првиот состанок да му кажеш каде точно живееш, бидејќи никогаш не знаеш од старт каква личност е тој.
Глуми зафатеност
Твоето време е скапоцено и немој залудно да го губиш на некој за кој не си сигурна дали сакаш да бидеш во врска со него. Нека се потруди малку тој и внимавај да не си секогаш тука за него, бидејќи во иднина премногу ќе се навикне на тебе.