Три месеци суспензија за Лионел Меси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси му е забрането учество на меѓународни дуели во дресот на „гаучосите“ во наредните три месеци.

Меси по добиениот црвен картон на „малото финале“ со Чиле изјави: „Аргентина не треба да биде дел од оваа корупција, Копа Америка е наместена за Бразил“, што сосема оправдано беше оценето како уривање на интегритетот на натпреварувањето и на Јужноамериканската Фудбалска Федерација.

Дисциплинската постапка заврши со суспензија од три месеци за најдобриот аргентински фудбалер.

Поради суспензијата, која се однесува само на репрезентацијата, Меси ќе ги пропушти наредните пријателски натпревари со Чиле, Мексико и Германија. Квалификациите за Светското првенство 2022 почнуваат дури во март.

Покрај привремената дисквалификација, Лео ќе мора да плати и 50.000 американски долари на Јужноамериканската федерација.