Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил физички нападнат од три лица.
Oд полицијата го потврдија инцидентотот велат дека пријавен бил физички напад врз 21 годишно лице од страна на тројца охриѓани по што му била укажана лекарска помош во опшатата болница во Охрид .
Според пријавеното од Х.П.во Угостителски објект лоциран на Кеј Македонија во Охрид а потоа и надвор од објектот физички бил нападнат од С.К.СК.И.С сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди констатирани во општата болница во Охрид, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Прв за овој немил настан на социјалната мрежа фејсбук објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
„Насилството, омразата и дискриминацијата треба да запрат. Очекувам итна реакција на властите и во двете земји. Ситуацијата е неподнослива. Политичката класа, медиумите и академските средини создадоа атмосфера на омраза и прогон на Бугарите. Европските институции секако ќе бидат информирани! Момчето се наоѓа во болница. Полицијата е информирана”, пишува Андреј Ковачев. Според бугарските медиуми, по тој повод Ковачев веќе разговарал со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.
Синоќешниот напад на секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид нема никаква политичка позадина ниту омраза и прогон на Бугарите туку станува збор за лични меѓусебни нерасчистени сметки меѓу него и напаѓачите, пренесува САКАМДАКАЖАМ повикувајќи се на изјави од лица кои се сведоци на немилиот настан но и знаеле за нивните претходни недоразбирања.
„Ни збор за политика не се кажа пред да се случи тепачката. Станува збор за меѓусебно недоразбирање меѓу нив кое трае подолго време и младите во градот знаат за нивната историја. Се започна кога влегоа тројцата во кафеаната. Нападнатото момче тој веднаш почна да ги пцуе, спомнуваше мајки, сестри, усти.. Тука изби вербална расправија која потоа продолжи со физичка пресметка надвор од објектот“, тврделе сведоци за СДК.