Три клуба веќе почнаа преговори со Кутињо!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Следниот месец ќе биде од големо значење за иднината на Филипе Кутињо во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Бразилецот го загуби местото во стартниот тим, а ситуацијата ја прават деликатна 160-те милиони евра кои клубот ги даде за неговиот потпис.

Кутињо е најскапото засилување во историјата на клубот, а се претвори во „луксузна резерва“, бидејќи не се вклопува најдобро во тактиката на тренерот Ернесто Валнерде.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека се одржал состанок на „Камп Ноу“ каде покрај раководството на Барселона присуствувал и агентот на Бразилецот. Доколку работите не се променат во следниот месец, тогаш Кутињо на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

„Спорт“ пишува дека три клуба веќе оствариле контакт со агентот на Кутињо и ги започнале преговорите за негов трансфер.

ПСЖ е првата опција за Кутињо, „светците“ се спремни да платат 130 милиони евра, но само во случај ако продадат некоја од своите големи ѕвезди.

Челзи се споменува како втора опција. „Сините“ во Кутињо гледаат идеална замена за Азар, кој е пред трансфер во Реал. Сепак, проблем е што лондонскиот клуб е под забрана за трансфери во моментов и не се знае дали ќе може да купува ова лето.

Како трета опција се посочува Манчестер Јунајтед кој во Кутињо гледа идеална замена за Алексис Санчез, кој е на излезна врата од „Камп Ноу“.