Три карактеристики неопходни мажот да ги задржи во БРАЧНАТА ИНСТИТУЦИЈА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се чини дека многумина мажи, со стапувањето во брак нагло се менуваат. Како за нив некои работи едноставно почнуваат да се подразбираат во моментот кога саканата жена официјално станува нивна. Меѓутоа, во љубовта никогаш ништо не се подразбира, па момците би требало да обратат внимание на своето однесување и во бракот треба да задржат некои од добрите, стари навики, кои како заљубени момци ги имале.

Држете ја за рака

Наједноставниот чин на заедништво и припадност, кои паровите на почетокот на врската без приговор ја оддржуваат е држењето за рака. Иако звучи банално, важноста на ваквиот допир и инсистирањето на нему од страна на голем број жени е оправдано. Имено, истражувањето спроведено во Шведска опфати среќно омажени жени кои биле изложени на стресни ситуации. Пратејќи ја нивната мозочна активност во прилила на излегувањето на благи електрошокови докажана е за 45% помала реакција на стрес во ситуација во која тие за рака го држеле својот сопруг. Допирот зближува, поттикнува лачење на хормонот на среќа и ги засилува меѓусебните чувства.

Отворете и ја вратата

Секоја жена ќе признае, дека без оглед на нејзината самостојност, џентлменскиот гест како отворањет на вратата, може само да ја импонира. Ништо поинаку не е со мажените жени, всушност во бракот секој маж дека да остане господин до крај.

Патувајте заедно

Заминувањето како пар, барем на еднодневен излет, ќе го разбуди чувството на заљубеност, што посебно ги зближува сопружниците.

Истражувањата покажаа дека токму жените планираат патувања, а момците ги сметаат за досадни, што е потполно погрешно. Страста и љубовта во врска од време на време годи да обогати некое ново романтично случување и да создаде спомени.