Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После девет часа судење во велешкиот суд, синоќа, бившиот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, кој беше обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, Основниот суд Велес го прогласи за виновен досудувајќи му казна затвори од три и пол години.
Пресудата ја изрече судијката Валентина Георгиевска по маратонското рочиште што траше повеќе од десет часа, а во казната на Панчевски ќе биде земено во предвид и времето минато во притвор.
Решението со целосно образложение на Панчевски, на кој со оваа пресуда му се укинува притворот, ќе му биде доставено во затворот во Идризово.
Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа. Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.
Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товараше дека во периодот од 23 јануари во 2013 година до 14 септември во 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС системот рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.