Живот

Три големи грешки кои најчесто се прават кога вежбате стомачни

Мнозинството од оние кои вежбаат во теретана или фитнес, вежбаат за да постигнат подобар изглед, а меѓу приоритетите сигурно им е рамен и мускулесто дефиниран стомак, што секако не е лесно да се постигне.

Постојат такви среќници кои навистина без многу труд ги одржуваат своите „плочки“ на стомакот, но за повеќето тоа значи многу труд и одрекувања. Причината за тоа е што, освен развојот и дефинирањето на стомачните мускули кои е потребно да бидат зголемени со вежбањето за да се истакнат, процентот на поткожно масно ткиво мора да биде низок за тие мускули да бидат видливи.

Тоа значи дека, освен тренинг, за рамен стомак и видливи мускули потребно е да посветите внимание и на диетата и исхраната, како и одржување на витка линија без многу масни наслаги. Поради претпоставката дека стомачните вежби ќе ги стопат масните наслаги на стомакот, рекреативците често прават грешки при вежбањето стомачни.

Меѓу нив, најчести се овие три грешки, поради кои мускулите на стомакот не се оптимално развиени.

Вежбање без оптеретување

На стомачните мускули, како и за сите други мускули, им е потребно подложување на терет, со цел да им се стимулира растот и развојот. Тежината на сопственото тело нема да биде доволна за максимален ефект. Ако вежбате извесно време, сигурно можете да направите многу повторувања на класичните стомачни склекови, но целта е да се задржи серијата во распон од 8 до 15 повторувања, што најдобро го стимулира зголемувањето на мускулите. Без дополнителен товар тие серии ќе бидат премногу лесни за адекватно активирање на мускулите, поради што ќе мора да почнете да правите вежби со користење на дополнителен надворешен товар (медицинска топка, тегови, сајли и слично).

Правење исти вежби

Стомачниот ѕид се состои од неколку мускули, а нивната улога е различна, па потребно е да се практикуваат и разновидни вежби за добри резултати. Рекреативците обично прават секогаш неколку исти вежби, кои се доста слични една на друга. Пробајте разни вежби за стомакот, водете сметка да правите различни движења (предни подигнувања, странични подигнувања, дигање на долниот дел од телото…), но и различни начини на кои ќе ги активирате мускулите (експлозини повторувања, концентрирани повторувања, задржувања и слично).

Вежбање без свиткан грб

Кај голем број вежби грбот мора да остане рамен за да се спречат можни повреди, но кога се во прашање вежбите за стомачни мускули, грбот мора да се витка за максимално да се активираат мускулите на стомакот.

Ако грбот остане рамен, тогаш телото се свива во зглобот на колковите, а ние сакаме да го свиеме телото во половината, бидејќи за тоа се заслужни стомачните мускули кои тогаш ќе бидат моќно активирани.

Кај најголемиот број вежби за стомачни мускули свиткувајте го грбот како да сакате градите што повеќе да ги приближите до колковите. Вежбите правете ги концентрирано, без нагли потези со телото и замавнувања со рацете, кои го намалуваат активирањето на стомачните мускули.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top