Три ептен едноставни начини како да ја намалите зависноста од „слатко-благо“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веројатно нема човек кому не му е познато дека неконтролираното внесување на шеќер во организмот предизвикува зависност од истиот.

Ниту една зависност не е добра, па така ни онаа од шеќер. Освен што си штетите на вашето здравје, кое секогаш мора да ви биде на прво место, му штетите и на вашиот изглед, бидејќи не е тајна дека шеќерот го забрзува стареењето.

Ако имате проблем со неконтролираното консумирање шеќер, еве ви три едноставни начини како да се ослободите од таа лоша и штетна навика. А телото и тоа како ќе ви биде благодарно.

1. Никогаш не смеете да сте гладни

Тоа значи дека треба да имате избалансирани оброци и неколку помали оброци во текот на денот. Со други зборови, треба да имате здрав оброк на секои 3-4 часа, со три конкретни оброци во текот на денот, во кои ќе консумирате и месо, како и две ужинки со храна богата со протеини.

2. Правете разлика помеѓу стрвноста и потребата

Пред да посегнете по храна, запрашајте се дали навистина сте гладни или само сте стрвни. Понекогаш сигналот кој ви го дава телото е само знак на дехидрација, а не потреба за храна. Оттука, внимавајте во текот на денот да пиете многу вода или чај, а не газирани пијалоци и сокови. Водата со вкус направете си ја сами дома, а не да ја консумирате купечката. А ако навистина не можете да издржите без слатко, тогаш посегнете по темно чоколадо или направете си грчки јогурт со свежо овошје.

3. Мислете позитивно и не се откажувајте

Ако цело време размислувате колку ќе ви биде тешко без „слатко-благо“, тогаш ќе ви биде уште потешко. Ако од време на време посегнувате по нездрава храна, немојте да си се лутите себеси, бидејќи, на крајот од денот, сепак и вие сте само човек од крв и месо, со свои потреби. Секој ден охрабрувајте се дека се менувате, а резултатите ќе стигнат побрзо отколку што мислите.