Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Три момчиња, браќа, на возраст од 8 до 12 години, во Боливија, нашле смртоносен пајак „црна вдовица“ додека чувале кози недалеку од селото Чајанта лоцирано во регионот Потоси на Андите. Тие го испровоцирале пајакот да ги касне, со надеж дека така ќе добијат супер-моќи како оние на Спајдермен.
Информациите велат дека самите момчиња го барале опасниот по живот пајак, верувајќи дека по убодот ќе станат Спајдермен, омилениот суперхерој од популарните стрипови.
Според локалните медиуми, браќата се приближиле до пајакот, раширувајќи ги рацете кон него за да ги касне, а симптомите на отровот на црната вдовица се појавиле за само неколку минути. Дека нешто не е во ред, прво забележала нивната мајка која ги однела набрзина во локалната здравствена установа.
Бидејќи нивното здравје не се подобрило, персоналот решил да ги пренесе во болница во градот Лалагуа, а крајната дестинација на повредените момчиња била детската болница во Ла Паз, главниот град на Боливија, каде што биле примени поради силна болка во мускулите, треска и грчеви на целото тело. Нивната здравствена состојба се подобрила кога вработените во болницата почнале да ги третираат со противотров, а пред неколку дена, по цел месец , тие целосно се опоравиле и биле пуштени од болницата.